Денеска советниците на вонредна седница гласаа со 22 „за“ и 13 воздржани за носење на одлуката да не се дадат субвенции, односно недостигаше само еден глас „за“. “Против” немаше ниту еден.
Додека советниците дискутираа, стотици вработени во ЈСП Скопје протестираа пред Град Скопје, чекајќи ја одлуката на Советот.
Од Синдикатот соопштија дека доколку се донесе дури и парцијална одлука, односно субвенции кои ќе бидат давани од месец на месец, главниот град ќе остане без јавен превоз. Доколку се изгласаа субвенциите, вработените беа потготвени денеска попладне да се вратат на улиците.
За субвенциите за ЈСП се противеше советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и токму поради нивните ставови, одлуката за субвенции не беше изгласана.