Совет на Амбасадори изразува голема загрижениост и изненадување од веста во медиумите дека една мала група на пратеници “борци за човекови права” во услови на тешка пандемија со коронавирусот и продлабочена економска криза приоритет на нивното пратеничко ангажирање е промена на еден член од Законот за надворешни работи со кој ќе се овозможи за амбасадор да биде акредитиран државјанин на РС Македонија кој има и државјанство на друга држава. Советот потсетува дека до сега биле испраќани македонски амбасадори кои имале и друго државјанство, но, тие се откажале од странското државјанство. Оваа позитивна пракса покажува дека некои нови кандидати за оваа највисока фунција во дипломатијата не сакаат да се откажат од државјанство на земји членки на Унијата, а сепак сакаат да станат македонски амбасадори. Тоа се очебијно мотивите на овој предлог за измени во Законот за надворешни работи во делот на државјанството, а барањето да оди по скратена постака е само потврда тоа да се стори најбрз можен начин.
Совет на Амбасадори ја потсетува Владата дека државјанството на именуваните амбасадори на светско ниво е регулирано со Виенската Конвенција за дипломатски односи од 1961 година и не може да биде предмет на било какво пазарење или исполнување на лични желби на партиски активисти.
Советот истовремено нагласува на регулацијата и со член 4 од Уставот на Република Северна Македонија каде децидно стои :„ Граѓаните на Република Северна Македонија имаат државјанство на Република Северна Македонија. Ова значо дека поседување на друго државјанство е исклучиво право и желба.
Совет на Амбасадори смета дека било кој обид во време на негирањето на македонската државност, јазик и култура од страна на некои земји од соседството со можноста да се воведе и второ државјанство за кандидатите за амбасадори сериозно се уриваваат темелите на македонската држава што ќе има долготрајни негативни последици, соопштуваат од Советот на амбасадори.