Советот на јавни обвинители не донесе одлука за разрешување на Јанева

Сподели

По осумчасовната маратонска седница, Советот на јавни обвинители не донесе одлука за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Седницата ќе продолжи во четврток.

Членовите на Советот цел ден ги разгледувале списите за предметот „Рекет“, во кој осомничена и притворена е и шефицата на СЈО Катица Јанева.

Советот со мнозинство гласови може да почне постапка за разрешување на Јанева врз основа на констатација за незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Притоа му предлага разрешување на Собранието, кое може да донесе предлог за разрешување на обвинителката со двотретинско мнозинство, но финалната одлука повторно ја носи Советот на обвинители.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев, изјави дека шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска, им доставила обемен материјал за истрагата, па одлуката ја одложиле за во четврток.