СП 2017: Ангола втор противник на Македонија

Сподели

 

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Мец го игра вториот натпревар од Б групата на Светското првенство во Франција. Противник е селекцијата на Ангола, која на стартот загуби од Словенија. На вчерашниот тренинг поради повреда го немаше Велко Маркоски и неговиот настап е неизвесен, додека Дејан Манасков тренираше со намален интензитет.

– Мислиме на вториот ривал Ангола. Проблем ни се повредите на Велко Маркоски и Дејан Манасков. Велко Маркоски е важен играч за нас особено во одбраната 5-1 не е исто дали е тој или Талески. Со Тунис моравме да ја играме и одбраната 6-0. Имаме и Б комбинација, но не е исто. Манасков има повреда на зглобот, има оток. Ќе гледаме делови од нивниот дуел со Словенија и ги гледавме во полуфиналето на афрканското првенство каде играа многу подобро. Можеби им влијае и промената на климата. За нас е најопасно, ако се опуштиме, одиме чекор по чекор, најмногу се плашиме од самите себе. Треба да се игра со најдобрите, а потоа може да им се даде шанса на другите, изјави селекторот на Македонија Лино Червар.

Натпреварот Македонија – Ангола е последен од денешната програма во групата Б и почнува во 20:45 часот. Претходно играат Словенија – Исланд (почеток 14:45 часот) и Шпанија – Тунис (почеток 17:45 часот).