Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, на дневниот брифинг зборуваше за новите регулативи поврзани со милионите имигранти што по илегални патишта влегле во САД, главно лица од Средна Америка. „Ова не е масовна депортација. Тоа се чекори што Министерството за внатрешна безбедност на САД планира да ги преземе со цел да ја зголеми безбедноста на јужната граница“, соопшти Спајсер, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес, за првпат во јавноста портпаролот Спајсер ги претстави деталите околу последните подготовки на администрацијата на Трамп и информациите на Министерството за внатрешни работи за новата регулатива за „безбедност на јавноста и на границите“, според која во преден план се земаат лицата кои немаат право легално да престојуваат во САД.
Портпаролот Спајсер истакна дека од 12 до 13 милиони имигранти кои нелегално престојуваат во САД, првенствено ќе бидат депортирани лицата за кои е утврдено дека извршиле некаков криминал. „Првенствено регулативата ќе биде спроведена врз лицата што претставуваат закана за јавноста“, рече Спајс.
– Нов советник за Национална безбедност Мекмастер –
Портпаролот Спајсер соопшти дека на местото на Мајкл Флин, претседателот Доналд Трамп на местото советник за национална безбедност го назначил генерал-полковникот Х.Р. Мекмастер, за кој рече: „Откако Мекмастер ќе го поддржат и демократите и републиканците, ќе согледате колку добар избор направил претседателот Трамп“.
– Заедничка борба со Русија против ДЕАШ –
На прашањето: „Претседателот Трамп не зборува доволно остро по прашањето за Русија“, портпаролот Спајс одговори: „Претседателот е тој што одредува како и за кого, што ќе зборува. Претседателот Трамп секогаш зборува отворено и како и претходните раководства, доколку е возможно ќе се разбере со Русија (по прашањето за борбата против ДЕАШ), доколку тоа не е можно, нема да се разбере“.