Спасени 52 лица под урнатините во Мексико Сити

Сподели

Педесет и две лица се спасени од под урнатините предизвикани од земјотресот со интензитет од 7,1 степен што го потресе Мексико, јавува Anadolu Agency (AA).

Секретаријатот за општествен развој на Мексико, на својот профил на социјалната мрежа „Twitter“ (Твитер) објави дека од под урнатините во главниот град Мексико Сити се спасени 52 лица.

Во соопштението се наведува дека спасувачките екипи во врска со акцијата за пронаоѓање на преживеаните изјавиле: „Нема да запреме“.

Претседателот на Мексико, Енрике Пена Нието, соопшти дека поради загинатите во земјотресот, во земјата е прогласена тридневна жалост.

Се соопштува дека претседателот на САД, Доналд Трамп, по земјотресот телефонски разговарал со претседателот Нието.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, рече дека двајцата претседатели имале долг телефонски разговор.

Официјалните владини органи објавија дека бројката на загинатите во земјотресот изнесува 225 лица.

Агенцијата за национална цивилна заштита претходно соопшти дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 7,1 степен се наоѓа на 5 километри североисточно од градот Рабосо, на длабочина од 51 километар, и оти бројот на загинатите во земјотресот изнесува 248 лица.

На 8. септември овој месец, Мекиско беше потресен од земјотрес со интензитет од 8,1 степен, во кој животот го загубија 96 лица.