Денеска преку единствен број за итни повици 112 денес во 12.37 часот од случаен минувач добиена е информација за превртен чамец со две лица во Мавровско Езеро.
Лицата се држеле за чамецот и самата струја ги носела кон хидроцентралата. Од ЦУК веднаш е стапено во контакт со Диспчерски центар на ЕЛЕМ и со директорот на ХЕЦ Маврово и одговорното лице од ренџерска служба од Национален парк Маврово но поради силниот ветер во Мавровското езеро има бранови и луѓето не се специјализирани за спасување во води и претставува потенцијална опасност да ги загрози и своите вработени. Во истиот момент преку РЦУК Тетово известени се ПС Маврово, ДЗС Гостивар, Општина Маврово и Национален Парк Маврово ренцерска служба. Испратено е барање до ДЗС за ангажирање на чамец и специјализиран тим за спасување во води.

Исто така од наша страна испратено е барање на МВР за нивна проценка и ангажирање на специјален тим со чамец или хеликоптер со цел да се спасат двете лица во Мавровското езеро. Известен е директотор на ХЕЦ Маврово привремено да го запре производството на електрична енергија за да се избегнат струите во езерото.
Во акцијата учествуваше и полициски хеликоптер со специјален тим од САЕ „Тигар“, кој пристигна на брегот подготвен за итна интервенција. Спасувачкиот тим со чамец веднаш се упати кон загрозените лица кои се потпираа на својот превртен чамец.
Во меѓувреме двете лица успеале да го вратат чамецот во нормална позиција и повторно да влезат во него, но сепак, останаа во водата сè додека спасувачкиот тим не ги извлече на безбедно.
