“Владата е тука да направи сѐ за заштита на здравјето, ако почитуваме мерки нема полициски час”, изјави министерот Оливер Спасовски во дневникот на Сител телевизија.
“Сите одлуки на Владата за заштита на здравјето се според предлозите на Комисијата за заразни болести и нивните анализи. До сега немаме предлог за полициски час, затворање на државата, затворање на викендите. А дали е опција за во наредниот период? Да, постои опција, но мерките за заштита мора да бидат димензионирани според определената ситуација. Според оние анализи во Комисијата, овие мерки кои ги имаме даваат одредени ефекти, се намалува преносот на вирусот, и тоа ќе се почувствува повеќе во наредните денови. Ако бројот на заболени расте, ќе имаме и порестриктивни мерки, иако никој не го сака тоа. Едно да се знае, Владата е тука да направи сѐ за да се заштити животот и здравјето на граѓаните”, додаде министерот Спасовски.
denesmagazin.mk