Спасовски: Да не се блокираат патиштата на 4 февруари

Сподели

 

“Нема никаква потреба од какво било организирање на граѓаните за блокади на патиштата или ноќни стражи на денот на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, затоа што тука се институциите на системот”, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повикот на социјалните мрежи упатен до граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје.

– Апелирам до сите на едно мирно, достоинствено чествување, а државата, МВР и безбедносните служби се тука да направат се и да обезбедат мирни услови, потенцира Спасовски.

Министерот рече дека имаат секојдневни активности МВР и агенциите и дека се формира посебен штаб за оваа активност. Спасовски е уверен дека нема да биде многу голем бројот на оние кои се организираат и сакаат да дојдат, бидејќи, како што посочи, граѓаните не се расположени за конфликти, сакаат стабилизација и напредок.