Спасовски: Договорот од Преспа го забрза патот на нашите евро-атлантски аспирации

Сподели

 

“Денеска се навршуваат две години од потпишување на Договорот од Преспа.

Со нашиот сосед Грција постигнавме решение за речиси тридецениското отворено прашање и се поставија основите за нашата подобра и посакувана иднина уште од независноста на земјата.

Договорот од Преспа е голема победа на дипломатијата и на Северна Македонија затоа што се расчисти и забрза патот на нашите евро-атлантски аспирации. Нашата земја стана членка на НАТО, а ЕУ, и во услови на КОВИД-19 пандемијата, ја подготвува преговарачката рамка за нашето членство во ЕУ.

Постигнавме историско решение за меѓународна афирмација на нашите стремежи и за реализација на нашите стратешки цели. Да бидеме да биде дел од семејствата држави со силен економски развој и просперитет, со потврден македонски идентитетот.

Македонскиот јазик или македонскиот народ повеќе не се спорни пред ниту еден меѓународен форум или настан. Свои сме на своето, признаени од сите во меѓународната заедница.

Со Грција ги отворивме страниците на пријателство. Чекориме на пат како партнери во двете најсилни и највлијателни организации. Го урнавме ѕидот што не делеше и издигнавме пријателство меѓу двете земји и двата народи, пријателство кое како сојузници ќе го чуваме, негуваме и унапредуваме” – објави премиерот Оливер Спасовски на својот фб профил.