Премиерот Оливер Спасовски на својот официјален фб профил, преку видео обраќање упати апел до сите граѓани, да ги одложат патувањата надвор од државата.
“Апелирам до сите граѓани да ги одложат патувањата надвор од Република Северна Македонија.
Секоја држава во регионот и во Европа има свои мерки за заштита и имаме проблем граѓаните да не можат да ги поминуваат границите или да остануваат некаде заглавени на граничните премини.
Тоа дополнително создава проблем за институциите на државата. Уште еднаш апелирам граѓаните да ги одложат патувањата и да не патуваат надвор од државата”
https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/610312852881827/