Денеска во Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, касарната „Илинден” и амбасадата на САД беше изведена оперативно-тактичка вежба од страна на МВР, во координација со амбасадата на САД, а во присуство на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, амбасадорката на САД во земјава, Н. Е. Кејт Мари Брнз, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски.
Вежбата беше изведена на три локации – дел од вежбата беше изведена во Куќата за пукање во рамки на Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, а вториот дел беше изведен во амбасадата на САД, при што беше проследена вежбата за Јавен ред и мир – насилни демонстрации.
Амбасадорката Брнз зеде активно учество во практичниот дел на вежбата која беше реализирана во неколку фази преку координирана заедничка акција на персоналот одговорен за обезбедување на амбасадата на САД и припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, Единицата за брзо распоредување, Одделение за воздухопловни единици, Сектор за внатрешни работи Скопје – Единица за интервентна полиција, Сектор за внатрешни работи Скопје и тоа:
– Напад на конвој
– Насилни демонстрации
– Активен пукач
– Вонредна состојба (природна катастрофа – земјотрес)
– Преглед и претрес на дворната површина во амбасадата на САД
– Евакуација на амбасадорот и персоналот на амбасадата на САД на безбедна локација (база на САЕ-Тигар)
– Укажување на прва помош
– Насилни демонстрации
– Активен пукач
– Вонредна состојба (природна катастрофа – земјотрес)
– Преглед и претрес на дворната површина во амбасадата на САД
– Евакуација на амбасадорот и персоналот на амбасадата на САД на безбедна локација (база на САЕ-Тигар)
– Укажување на прва помош