Спасовски: Малолетната Вања е грабната во влезот

Сподели

 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција изјави дека малолетната Вања е грабната во влезот, по што и биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење и потоа е однесена на локација каде што била убиена и закопана.

 

„Грабната е од внатрешнот дел на зградата, со врзани раце и нозе во вреќа за спиење и ја стваат во возилото „цитроен“. Пред нив се движи возило канго, однесена е надвор од Скопје, по што е убиена, а колата е запалена“, објасни Спасовски.