Спасовски на средба со рускиот амбасадор Баздникин

Сподели

 

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на РС Македонија Оливер Спасовски и амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин.

 

 

На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка помеѓу двете земји, како и за подготвеноста од руска страна за потпишување на Договор за преземање на лица со незаконски престој, што во иднина би претставувало законска рамка за борбата против илегалната миграција.

denesmagazin.mk