“НАТО и формално нè извести дека сите сојузници завршиле со ратификација на протоколот за наше членство. Денес, пристапуваме кон испраќање на нашиот документ за ратификација за Вашингтон. Следната недела истиот ќе биде предаден во Вашингтон и со тоа Република Северна Македонија ќе стане 30-та земја членка на НАТО.
Ова се големи историски моменти. Исполнета е важна стратешка цел за стабилноста на државата и за безбедноста на сите граѓани” – објави на својата официјална фб страна, премиерот Оливер Спасовски.