Спасовски: Полицијата при приведувањето на пратениците постапила законски

Сподели

Полицијата при приведувањето на пратениците на 28 ноември 2017 година во врска со настаните во Собранието од 27 април постапувала врз основа на наредба издадена од Судот и полицајците постапиле согласно законските овластувања, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој ова го одговори во однос на тоа дали ќе има командна одговорност откако Народниот правобранител констатира дека при приведувањето на тројцата пратеници е повредено правото на пратенички имунитет и начелото на презумпција на невиност, поради непочитување на Правилникот за начинот и вршење на полициски работи од страна на полицијата.

Спасовски вели дека се повикува на законот, а не на правилникот, бидејќи законот е повисок акт од правилникот и не може правилник да дероргира Закон или Устав на РМ.

Министерот додаде дека МВР ја доставило целата потребна документација во врска со приведувањата и дека самиот омбудсман вчера кажал дека МВР доставило 38 документи.