Спасовски: Се води истрага за бегството на Мијалков

Сподели

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето во Утрински брифинг зборуваше за бегството на Мијалков и неговото појавување вчера пред Јавното обвинителство, каде го подигна решението за куќен притвор.

“Мијалков не ја напуштил државата. Јас вчера и на прес конференција кажав дека според оперативните сознанија знаеме дека тој е во Скопје. Сега се води истрага, до вчера работевме со ОЈО со дежурните обвинители, во смисла на повикување на информативни разговори на лицата кои би можеле да бидат помагатели во неговото бегство. Важно беше да се одземат сите телефони, уреди, документи кои би можеле да бидат од истрагата. При претресот на неговиот дом обезбедени се електорнски уреди и документација која што може да биде дел од целиот процес. Од вчера е назначен јавен обвинител кој што директно ќе раководи со овој случај”, – изјави министерот Спасовски.