Спасовски: Уапсени се четири лица, се трага по „главата“ на групата “Јавна соба”

Сподели

 

“Денеска се приведени вкупно 4 лица, 2 од Битола, 1 од Велес и 1 од Штип, директни учесници во Јавна соба на Телеграм” – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
 
“Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови.
Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност” – додаде министеротСпасовски.