“Пожарите кои беснеат во Австралија однесоа многу жртви и направија голема материјална штета. Им изразуваме сочувство на семејствата на загинатите, како и безмерна солидарност на сите граѓани на пријателска Австралија и на сите припадници на македонската дијаспора.
Нашата амбасада во Канбера и конзулатот во Мелбурн стојат на располагање за помош и поддршка на сите македонски граѓани, како и на целата наша дијаспора.
Голема поддршка за пожарникарите, медицинските и други службени лица кои се борат со огнената стихија, како и до сите други институции и до владата.
Владата на РСМ на првата следна седница ќе определи средства за поддршка за справување со последиците и реновирање на домовите. Секогаш сме ја имале поддршката од пријателска Австралија, а сега најмалку што може да направиме е да бидеме солидарни и да им дадеме мала помош за да ги надминат огромните штети кои ги направија пожарите” – изјави премиерот Оливер Спасовски на својот фб профил.