Успешна 2022 година во борбата против недозволена трговија со дрога – запленети над 2,4 тони дрога која би достигнала вкупна вредност од 6 милиони евра на црниот пазар, објави министерот за внатртешни работи, Оливер Спасовски.
“Во најголема количина е запленета марихуана, хероин, кокаин, амфетамин, хашиш.
Сузбиени се 12 организирани криминални групи составени од 51 член. Откриени се над 700 кривични дела, за кои се пријавени над 800 сторители. Тука се и заплените на 20 тони најразлични прекурсори, со цел понатамошно производство на синтетичка дрога. Вредна за споменување е заплената од 1 тон прекурсори на скопскиот аеродром од кои би можело да се произведе амфетамин во вредност од над 50 милиони евра.
Воедно, во делот на недозволена трговија со дрога, во 2022 го имавме и најголемото уништување на запленета дрога досега, вкупно уништени 10 тони дрога.
Продолжуваме со несмален интензитет и во 2023″, изјави министерот Спасовски.