СпејсЕКС не престанува да воодушевува

Сподели

СпејсЕКС не престанува да воодушевува

Уште еден голем подвиг на приватната компанија за вселенски летови СпејсЕКС со успешно слетување сред океан, но овој пат по успешно испраќање на сателит во геостационарна орбита. Ова е голем успех за иднината на оваа компанија со тоа што ќе може да ги искористи ракетите кои постигнуваат многу поголема брзина од лансирање во ниска орбита.

spejs

Геостационарна орбита се наоѓа на 35.000 км од површината додека ниската орбита е на само 400 км. Поради поголемата потребна брзина на лансирање, ракетата се враќа со 2 км/с за разлика по лансирање во ниска орбита кога се враќа со 1 км/с.

Снимка од целата мисија:

Поради двојно поголемата брзина отколку при лансирање во ниска орбита, стресот на ракетата и триењето со атмосферата е многукратно поголемо со тоа има опасност од топење на моторите и други делови на ракетата.
Може да се забележи од снимките дека се појави пожар околу моторите на ракетата што е последица од враќањето во атмосферата.

На оваа снимка слетувањето е пропратено од повеќе агли:

spejss

Слетувањето на ракетата опфатено од повеќе агли:

Пристигнувањето на ракетата Фалкон 9 во Порт Канаверал (с) Michael Seeley

Астрономско друштво Орион

http://www.orion.mk/1053108610741086108910901080/spejseks-geostat-sletuvanje