Средба Димитров-Коѕијас во Охрид

Сподели

Денеска во Охрид, министрите за надворешни работи Никола Димитров и Коѕијас ја започнуваат и официјалната преговарачка рунда за спорот со името.

Ова е трета средба меѓу Димитров и Коѕијас, која се случува една недела пред  новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, во кој Владата очекува да добие безусловна препорака за почеток на преговорите.

Шефовите на дипломатиите на двете земји изразија оптимизам и надеж за успешни преговори и позитивни резултати и за двете страни, но посочија дека се уште постојат прашања кои треба да бидат решени.

Наскоро се очекува и средба на двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, средба за која шефот на македонската Влада рече дека е клучна за решението.