Средба Исени – Жељаско Радуков

Сподели

Денеска (29.04.2025) заменикот министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Н.Е. г. Жељаско Радуков.

На средбата, беа потврдени заложбите за одржување и унапредување на односите меѓу двете соседни земји, а особено беше потврдена одличната соработка меѓу Министерствата за внатрешни работи, во кои, исто така заеднички беше констатирано дека работат врвни професионалци.

Со посебен фокус се разговараше и за можностите за дополнително унапредување на веќе воспоставената плодна соработка, како од аспект на билатералните договори така и оперативната меѓусебна соработка на Министерствата за внатрешни работи на двете земји. Притоа, и заменик министерот за внатрешни работи Исени и амбасадорот Радуков изразија безрезервна отвореност за нејзино натамошно продлабочување.

Воедно, на состанокот стана збор и за меѓусебната соработка во рамките на меѓународните организации и регионални иницијативи кои се од заеднички интерес и придонесуваат за одржување и зајакнување на регионалната безбедност, стабилност и просперитет.