Средба Иванов – Заев за избор на нов гувернер на НБРМ

Сподели

Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев денеска треба да одржат средба за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка на Република Македонија.

Средбата е закажана откако владејачката парламентарна група се изјасни дека не го поддржува предлогот што неодамна го даде претседателот Иванов актуелниот гувернер Димитар Богов, повторно да ја извршува оваа функција.

Претходно кабинетот на претседателот соопшти дека Иванов повторно го предлага Богов за Гувернер на Народна банка на Република Македонија, за што одлучил по консултациите со Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на Македонија и со други релевантни фактори од оваа област. Седумгодишниот мандат на актуелниот гувернер истекува на 21 мај.