Претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, вчера повторно се сретнале со претседателот Ѓорге Иванов во неговиот кабинет.
Од претседателскиот кабинет информираат дека на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања и дека се разговарало за решенија за излез од моменталната состојба на тензичност во државата, која предизвикува загриженост кај граѓаните.
„Соговорниците се согласија дека е неопходно сите чинители во општеството да се насочат кон градење консензус за национален дијалог, во функција на помирување и нормализирање на политичките процеси, како основа за продолжување на реформските приоритети на Република Македонија“, се вели во соопштението.
Средбата се реализира како резултат на претходно почнатите разговори, а од кабинетот на претседателот велат дека разговорите ќе продолжат и во иднина.