Средба на министерот Меџити со италијанскиот амбасадор Силвестри

Сподели

 

 
Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити одржа средба со Н. Е. Андреа Силвестри, амбасадор на Италија, како една од најголемите пријатели на нашата земја и особено поддржувач на здравствениот систем.
 
-Голема благодарност за досегашната соработка и поддршка за големиот број проекти и донации. Разговаравме за актуелните предизвици, реформи и унапредување на здравствените услуги, за што амбасадорот изрази подготвеност за понатамошна поддршка.
 
Остануваме посветени, во соработка со нашите пријатели да работиме заедно за достигнување на европските вредности во здравствениот систем, истакна министерот Меџити.