Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари работна средба со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити. Се дискутираше на повеќе теми кои се во насока на формализирање на можните облици на соработка кои ќе бидат основа за размена на искуства за унапредување на транспарентноста, преку која се воспоставува пракса на презентирање на точни и вистинити информации во јавноста, што е нужен елемент за градењето на перцепцијата за владеењето на правото.
Претседателката Добрила Кацарска истакна дека Уставниот суд презема активности кои ја зголемуваат транспарентнсота и во последниот период е зголемено нивото на соработка со медиумите, советникот за односи со јавноста на Судот има континуирана комуникација со новинарите, редовно се одржуваат брифинзи, прес конференции и изјави за актуелни предмети.
Претседателот Џемали Саити ги презентираше тековните проекти и активности на Здружението на судиите кои се во насока на зголемување на квалитетот на правдата и унапредување на транспарентноста и отвореноста.