Средба на претседателот Пендаровски со новоименуваните амбасадори на РС Македонија

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими новоименуваните амбасадори на РС Македонија пред заминување во странските држави кадешто ќе ги извршуваат своите дипломатски должности.

 

 

На средбата присуствуваа Сашко Тодоровски, амбасадор во Чешката Република, Горан Цеков, амбасадор во Јапонија, Светлана Гелева, амбасадорка и постојан претставник при Советот на Европа, Билјана Стефановска Сековска, амбасадорка во Комонвелтот Австралија, Бети Јачева, амбасадорка во Кралството Холандија, Драган Јордановски, амбасадор во Република Естонија,Лидија Бошковска, амбасадорка во Хеленската Република и Милаим Фетаи, амбасадор во Република Хрватска.

Претседателот Пендаровски на нашите амбасадори им порача дека од нив очекува првенствено и исклучиво да ги штитат интересите на Република Северна Македонија.

 

 

„Очекувам да бидете проактивни во спроведувањето на нашата надворешна политика, соодветно да постапувате и одговорате на надворешно-политичките предизвици. Вам ви припадна привилегијата, но и големата одговорност да продолжите да работите на меѓународниот углед на државата“, истакна претседателот Пендаровски на средбата.