Средба на работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ – главна тема СЈО

Сподели

Работни  групи на СДСМ и на ВМРО – ДПМНЕ од денеска ќе работат на новиот  предлог закон за јавно обвинителство, со кој се предвидува интегрирање на Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство.

Овој предлог Законот за јавно обвинителство подразбира дека предметите на СЈО кои се во судска постапка продолжуваат, а за оние кои се покренати по 20 јуни 2017, „бомбите“ нема да се користат како докази.

СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат околу кадарот на Специјалното јавно обвинителство.

ВМРО ДПМНЕ не ја сака Катица Јанева, а во тој што го предлага власта е токму Јанева да остане на чело на СЈО уште една година а потоа да се избира нов шеф, а Катица да може да се реизбира повторно.