Средба на Заев со Трамп: Поддршка на иницијативата за реформа на ОН

Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, посетата на Њујорк ја почна со присуство на настан организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп. Станува збор за приклучување кон политичката декларација за реформата на ОН.

-На средбата со претседателот Трамп изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларацијата да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН, рече премиерот Заев, по настанот организиран од претседателот Трамп.

Претседателот на Владата, Заев, е во Њујорк за Генералното Собрание на ОН. Придружуван е од министрите за надворешни работи, Никола Димитров и за дијаспора, Едмонд Адеми.

Премиерот Заев ќе има обраќање на ГС на ОН, а ќе се обрати и на неколку панели. Предвидени се и повеќе билатерални средби. За време на посетата на Њујорк премиерот Заев ќе има посети и на поголеми компании.