Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка

Сподели

Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата премиер на Србија. Тој на денешната вонредна прес-конференција, изјави дека одлуката ја донел по синоќешниот напад врз студентите во Нови Сад, во кој неколкумина беа повредени.

„Во овој момент целата влада е во технички мандат, со оставка на премиерот паѓа целиот кабинет, практично целата влада е во оставка. Ние ќе си ја работиме работата одговорно до изборот на нова влада или до некоја нова или поинаква политичка одлука“, додаде Вучевиќ.

Тој најави дека денеска оставка ќе поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Српската Влада денеска во 19 часот ќе одржи вонредна седница во Палатата Србија.