Прва Инкубаторска програма #ИмамИдеја
Имате идеја но не се чувствувате доволно подготвени за да ја реализирате? Потребно ви е менторство, тим, финансиска поддршка или пак работен простор? Стартап Клуб Скопје (СКС) ве повикува да ја искористите оваа можност и да се пријавите на првиот отворен повик за инкубаторската програма до 15 јануари!
Првиот централен македонски претприемачки хаб Стартап Клуб Скоје (СКС) има единствена цел: „Да им помогнеме на претприемачите да успеат“. Знаеме дека патот од идеја до успешен бизнис може да биде тежок и предизвикувачки и затоа сме тука да ви помогнеме!
Првата Инкубаторска програма #ИмамИдеја која е наменета за сите иноватори и претприемачи кои имаат уникатна бизнис идеја. Пријавувањето за Инкубаторската програма е отворено до 15 јануари 2024 година и може да го направите преку пополнување на следниот формулар.
Колку трае и што нуди Инкубаторската програма?
Инкубаторската програма ќе трае три месеци и ќе обезбеди поддршка во вредност од 5000 евра за секоја од 10-те бизнис идеи учесници. Програмата ќе се одвива под концептот „Стартапи градат стартапи“, со кој претприемачите ќе добијат директна менторска поддршка, образование и насока од успешни македонски стартап иноватори. Учесниците ќе имаат можност да користат заеднички канцелариски простор во склоп на Стартап Клуб Скопје и инфраструктура со која ќе се овозможи соработка меѓу учесниците и партнерите на инкубаторската програма.
Инкубаторската програма ќе ги опфати следните теми:
– развој на бизнис модел;
– стратегии за влез на пазарот;
– основни финансиски концепти;
– брендинг и маркетинг;
– правна и административна поддршка;
– стартап финансирање.
На крајот од програмата ќе се одржи настан „Ден на инвеститори“, каде преку презентации пред поканети инвеститори, бизнис ангели, фондации и компании, тимовите од програмата ќе имаат можност да стигнат до своите први инвестиции.
Учесниците во програмата ќе бидат поддржани од нашите партнери: Native Teams, AirCare, HeyReach, Startup Macedonia, NEST, Impact Foundation, SEEU Teach Park, 700 Accelerator, Women in Tech, Ways2Help, Zephyr Angels, Opfolio, Nebula, Happiness Marketing.
Кој може да учествува во Инкубаторската програма?
Во програмата може да учествуваат сите лица над 18 години што имаат креативна и иновативна бизнис идеја.
Како ќе се одвива селекцијата на идеи и според кои критериуми?
Внимателно одбраната комисија ќе ja направи селекцијата за учество во Инкубаторската програма врз основа на критериуми како што се степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, потенцијал на пазарот и слично.
Според овие критериуми ќе се одберат 20 идеи кои ќе учествуваат на тридневен хакатон. За време на хакатонот, учесниците ќе имаат можност да се вмрежат и да развијат бизнис модел кој ќе биде основа за финален влез во инкубаторската програма која ќе вклучи вкупно 10 тима.
Со оваа програма, Стартап Клуб Скопје презема конкретни чекори кон остварување на нашата главна цел: поддршка и развој на стартап заедницата и севкупниот стартап екосистем. Преку обезбедување на потребните ресурси, обуки и мрежи, сакаме да ги стимулираме иновациите и да ги зголемиме шансите за успех на стартап идеите во Македонија.
Пријавувањето за учество на Инкубаторската програма е отворено до 15 јануари 2024.
Доста сонуваш! Кликни тука и направи го првиот чекор кон градење сопствен бизнис!