Стејт департментот ги предупредува граѓаните на САД во Европа: Опасност од терористички напади

Сподели

Стејт департментот издаде предупредување до американските државјани, кои планираат да патуваат во Европа, нагласувајќи дека мора да бидат свесни за постојаните закани од терористички напади на континетот.

Во предупредувањето, Стејт департментот ги истакнува случувањата во Франција, Русија, Шведска и Велика Британија и додава дека ИД и Ал Каеда „имаат способност да планираат и вршат терористички напади во Европа“.

Предупредувањето не е поттикнато од посебна закана, туку се работи за „препознавање на континуиран ризик од напади особено пред летните одмори“.