Стевчо Јакимовски прогласи победа во Карпош

Сподели

 

Кандидатот за градоначалник на Карпош на ГРОМ, Стевчо Јакимовски вечерва прогласи победа. Тој изјави дека Карпош повторно ќе биде водечка општина и оти вратите на локалната самоуправа ќе бидат секогаш отворени за граѓаните без разлика дали тие гласале за него или не.

– Бев сигурен во довербата која ја имав во граѓаните на Карпош и знам дека и тие ја имаат довербата во мене. Знам дека во наредниот период ќе ги корегираме грешките, ќе работиме уште попосветено и поорганизирано. Уште повеќе ќе бидат отворени вратите за граѓаните на Карпош за да ги решаваме нивните секојдневни проблеми, порача Јакимовски. Чувствувам големо задоволство, но никако триуфализам. Сакам да им порачам на граѓаните дека сите сте добредојдени во Општината, без разлика дали сте гласале за мене, рече Јакимовски.
 

– Ме почестивте како никогаш досега. Ова е најсреќниот момент во мојот живот. Никогаш не ја изгубив вербата во Карпош, рече Јакимовски.