Стопанска, НЛБ, Халкбанк и Комерцијална ќе ги исплаќаат депозитите од Еуростандард банка

Сподели

 

Фондот за осигурување на депозити објави дека Стопанска, НЛБ, Халкбанк и Комерцијална банка се банките преку кои ќе им бидат исплатени депозитите до 30.000 евра во денарска противвредност на физичките лица кои штеделе во пропаднатата „Еуростандард банка“.

Во услови на ширење на пандемијата на ковид-19, покрај својата основна задача за исплата на осигурените депозити на депонентите – физички лица, чувствуваат потреба дополнително да придонесат кон заштита на граѓаните, соопштија од Фондот за осигурување.

Донесена е одлука дека исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, ќе се врши преку четири банки со цел да се избегнат масовни собири“, велат од Фондот за осигурување депозити.

„Фондот навремено ќе ги извести депонентите и јавноста за датумот на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи. Се прават максимални напори исплатата да започне што поскоро“, посочуваат од Фондот.