На 24 и 25 февруари (петок и сабота) на ВИП лизгалиште во СЦ Борис Трајковски – Скопје ќе се одржи Првиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање во Македонија „Skopje on ICE 2017”.
Натпреварот е организиран од Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија во соработка со СЦ Борис Трајковски. На него ќе учествуваат 63 натпреварувачи од кои 31 натпреварувач од Македонија и 32 натпреварувачи од странство (Србија, Грција, Шведска и Словенија).
Овој натпревар е од голема важност бидејќи е прв натпревар во уметничко лизгање воопшто одржан во државата.