Започна најмасовниот протест во Србија. Илјадници студенти и граѓани излегоа на улиците во Белград, со спрски знамиња и транспаренти со натписи „Готов е!“ Се скандира и пее „Пумпај“, а распоредени се и голем број полициски сили.

Студентите бараат политичка и правна одговорност за несреќата во Нови Сад и исполнување на четири барања, објавување на целата документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, отфрлање на обвиненијата против студентите и граѓаните приведени за време на протестите, поднесување кривични пријави против сите напаѓачи на студентите, професорите и граѓаните за време на блокадите и за 20 отсто зголемување на буџетот на факултетите.
Со пораките „Ајде заедно да ја разбудиме Србија и да истраеме во борбата за студентите, земјоделците, просветарите, фармацевтите, адвокатите, лекарите, глумците, уметниците, новинарите, инженерите – за сите животи кои ги изгубивме и тие коишто ќе ги изгубевме, ако продолжевме да молчиме. Ноќта е најмрачна пред разденување“ беше започнат протестот.

„-Нема веќе да не тепате со бејзбол палки како што ја тепавте студентката Ана. Нема веќе да дозволиме да лажат за нас како што тоа го прави јавниот сервис од почетокот на студентските блокади. Овде сме затоа што повеќе нема да дозволиме да делите откази за објави на социјалните мрежи како што тоа го правевте на административци. Нема да дозволиме преместувања, уцени, притисоци како што и сега трпат работниците коишто ги поддржуваат студентите“ рече студентка во говорот.

Студентите порачаа дека најостро го осудуваат секој облик на насилство и дека целта на протестот не е да се упадне во ниту една институција или да се нападнат неистомисленици и дека нема да дозволат нивните протести да бидат обележани со инциденти, туку исклучиво од нивната решителност и заедничка визија за подобро општество.
„Масовност на луѓето, по ова не може да се оди назад“, изјавија студентите на протестот, а граѓаните кои излегоа со нив на улица ги поддржуваат во целост нивните барања.
