Шкотската премиерка, Никола Стурџен, која денеска допатува во Брисел, рече дека Шкотска е одлучна и сака да остане во Европската Унија.
Лидерите на ЕУ денеска првпат се среќаваат без претставници на Велика Британија. За време на првиот ден од самитот, тие го повикаа британскиот премиер Дејвид Камерон да го забрза изборот за негов заменик и да почне процесот на раздолжување.
Се очекува на денешниот самит 27 држави да издадат соопштение за начинот на кој планираат да ја трансформираат ЕУ.