Судењето за „Монструм“ почнува од почеток

Сподели

Денеска во Кривичниот суд се враќа случајот „Монструм“, во кој обвинети се шест лица за петкратното убиство кај Смилковското езеро, и осудени на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам.

Повторното судење доаѓа откако Врховниот суд, на барање на Вишото јавно обвинителство ги укина првостепената и второстепената пресуда а потоа осомничените ги пушти да се бранат од слобода. Одбраната верува во позитивен епилог.

Постои опција СЈО да го преземе случајот, бидејќи тоа се уште го истражува случајот, а и не е одлучено кој од обвинителите од организираниот криминал ќе го презентира, па мислам дека постои и оваа опција. Ако нема одложување од техничка природа, условно, мислам дека за четири седници ќе се затвори случајот во прв степен. Случајот наскоро ќе има епилог“, вели адвокатот Насер Рауфи.

Пред судот ќе се појават Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири на кои им беше определена мерки на претпазливост, но не и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ чии меѓународни потерници сè уште се активни, иако тие со години се на Косово. Тамошните власти го одбија барањето за екстрадиција, бидејќи тврдеа дека не биле доставени доволно докази кои укажуваат на нивна вмешаност во случајот.