Судир меѓу полицијата и бегалците во кампот „Џунгла“ во Франција

Сподели

thumbs_b_c_b2d194399475f1e154ad78b1f07bd27b

ПАРИЗ (АА) – Во импровизираниот бегалски камп „Џунгла” во Франција, во вечерните часови дошло до судир меѓу бегалците и полициските сили, јавува Anadolu Agency (AA).

Полицијата интервенираше и со солзавец. Бегалскиот камп е еден од камповите со најлоши услови. Судирот е резултат на одлуката на француските власти за затворање на кампот, а дека бегалците ќе бидат преместени во други кампови со подобри услови.

Во кампот, во тешки услови живеат илјадници бегалци. Многу од нив се обидуваат да се качат во камионите како би стигнале до Велика Британија.

Францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека во септември Владата до крајот на годината дефинитивно ќе го затвори бегалскиот камп каде што претстојуваат бегалци од Блискиот Исток и Африка, кои планираат да го продолжат патот до Велика Британија.