Судот му наложи на Звонко Костовски, осуден во „Пуч“, да се врати во затвор

Сподели

019(1)

Судија за извршување санкции од Основниот суд Скопје 1 денеска му испратил упатен акт на Звонко Костовски, да се врати на доиздржување на тригодишната затворска казна, на која е осуден за случајот „Пуч“.

Костовски беше ослободен од казната откако претседателот Ѓорге Иванов го аболираше заедно со другите 55 лица, политичари и нивни соработници.

„Судија за извршување санкции при Основниот суд Скопје 1, постпапувајќи по одлука на претседателот на Република Македонија за повлекување на одлуката за помилување – ослободување од понатамошно гонење за лицето З.К., осудено со правосилна судска пресуда на овој суд, денеска до осудениот достави упатен акт според кој лицето треба да се врати на доиздржување на тригодишната казна затвор“, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Костовски, кој е вработен во МВР, беше осуден на тригодишна затворска казна откако го призна делото. Во случајот „Пуч“ меѓу обвинетите се и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски. Тие се товарат за насилство на претставници на највисоките државни органи, односно шпионажа и неовластено прислушување.

Специјалното јавно обвинителство вчера соопшти дека до Апелациониот суд Скопје доставило писмен предлог да се укине решението на Основниот суд Скопје 1 и кривичната постапка за случајот „Пуч“ да продолжи

Судот му наложи на Звонко Костовски, осуден во „Пуч“, да се врати во затвор