Судот одлучи одново да им се суди на Мијалков и алфите за апсењето на Бошкоски

Сподели

 

Кривичниот суд денеска не донесе пресуда против поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шестмината припадници на поранешните „алфи“ обвинети за случајот “Тортура”, кој се однесува на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година. Судот одлучи постапката да биде преотворена и да продолжи на 8 јули.

„Остана неодговорено прашањето по видот, карактерот и обемот на употребената сила, закана и отпор. Имено овие поими кои се дејствија на извршување на кривичното дело и кои претставуваат предмет на поднесеното обвинение останаа неразјаснети во целост, поради што во моментов постои фактичка пречка за донесување на мериторна одлука од овој Судечки совет“ изјави Ристеска.