Судот во Москва ја прогласи компанијата Мета, во чија сопственост се Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, за „екстремистичка“ организација и ја забрани нејзината работа во Русија, пренесе Ројтерс.
Русија веќе го забрани Фејсбук поради ограничување на пристапот до руските медиуми, додека Инстаграм беше блокиран откако Мета рече дека ќе им овозможи на корисниците на социјалните мрежи во Украина да објавуваат пораки во кои повикуваат на насилство против рускиот претседател Владимир Путин и војниците што Москва ги испрати во Украина на 24 февруари.
Мерките за забрана, сепак, нема да се однесуваат на Ватсап, бидејќи Обвинителството оцени дека таа апликација за допишување нема функција за „јавно ширење на информации“./мета.мк