Министерството за здравство во врска со смртниот случај во Охрид на дете од година и единаесет месеци, соопшти дека судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта.
– На одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид, во 07:12 часот од страна на службата за Итна медицинска помош, донесено е дете од година и единаесет месеци без знаци на живот. Од страна на анестезиолошки тим веднаш е пристапено кон реанимација, но истата е без успех.
Причината за смрт ќе ја утврдува судска медицина, информираа од Министерството за здравство.