Судскиот совет на денешна, отворена за јавноста седница, ќе се расправа околу барањето за разрешување на претседателката на Врховен, Беса Адеми.
Сите членови на Советот ќе може да се изјаснат за извештајот од Комисијата на известители, по иницијативата за утврдување одговорноста на Беса Адеми, која ја покрена членот на советот Миљазим Мустафа откако таа изјави дека судот е под политички притисок да ја прифати амнестијата на поранешниот претседател Иванов.
Според него со неприсуството на седниците на судскиот совет претседателката на Врховен, покажала професионална и правна некултура во постапувањето, и почитувањето на институциите.