Реакции на судството и обвинителството по пораката на Русковска

Сподели

 

Апелациониот суд ја обвинија Рускоска за грубо мешање во работата на судот каде што јавното обвинителство е само странка во постапката, по пораката која таа ја испрати до судиите. Рускоска пишува дека ќе ги истресе од гаќи оние кои ја пуштиле Катица Јанева дома

„Ако, ти, со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите“ , пишува во СМС-порака, како што соопшти Апелацискиот суд, која обвинителката Рускоска ја испратила до еден од членовите на Кривичниот совет на Апелација.

Апелацискиот суд одржа итен колегиум и со соопштение ги осудија критиките на Русковска. Од Судскиот совет обвинуваат дека Русковска извршила серија прекршувања на етички и законски норми и дека се обидела да изврши притисок врз судиите.

Премиерот Заев не сака да ја коментира изјавата на Русковска, и се повика на извештајот на Прибе дека политичарите треба да избегнуваат коментари за одредени постапки на судии и обвинители.