Свечено отворање на фестивалот “Скопско лето 2021”

Сподели

 

Свеченото отворање на 42-рото издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе се одржи утре, на 21. јуни, првиот ден на летото и светскиот ден на музиката „Fete de la Musique“.
 
Манифестацијата ќе се отвори со операта без зборови насловена „Од оркестарот за публиката“, којашто ќе се одржи во Салонот на Националната опера и балет, а ќе биде со почеток во 21:00 часот.
 
 
 
 
Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер Трајко Јордановски. Настанот е во соработка со Националната опера и балет.
 
Учествува Оркестарот на Националната опера и балет, додека испициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.
Ќе се изведуваат дела од Маскањи, Мусоргски, Пучини, Чајковски, Гуно, Леонкавало, Белини, Верди.
 
Билетите се во продажба на билетарата на Националната опера и балет по цена од 300 и 400 денари.