Свечено отворање на Спомен собата на 6. Македонска Ударна Бригада во касарната во Охрид

Сподели

 

Со учество на претседателот на Сојузот на здруженијата на ветарените од одбраната и безбедноста на Македонија, генерал Филип Котели, потоа градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, други официјални лица, членови на огранокот за  Охрид и Дебрца, денеска, со почеток во 10,30 часот во касарната во Охрид, ќе биде извршено свечено отворање на Спомен собата на Шестата Македонска Ударна Бригада, практично, зародишот на Армијата на Република Македонија.

Поставката ја осмисли и уреди полковник Добре Велјаноски, претседател на Здружението на ветарените од одбраната и безбедноста на Македонија, за општините Охрид и Дебрца.

Настанот е во организација на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на за регионот  Охрид и Дебрца, СВР од Охрид и Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – регион Охрид и е дел од  одбележувањето на  7 мај, денот на македонската полиција.

Шестата македонска ударна бригада била формирана на 6 септември 1944 на планината Славеј, Дебрца.

Во нејзиноот состав, влегле четири баталјони, со околу 1.500 борци, заедно со борците од составот на Дримколскиот народоослободителен партизански одред и борците на Охридско-струшка доолнителна ударна бригада. Потоа, дел од борците на Првата македонска ударна бригада и Првата македонско-косовска ударна бригада влегле во оваа бригада, како и новодојдени борци.

Веднаш по формирањето бригадата се упатила кон Крушево за да го ослободи. На патот кон Крушево, водела борби кај караулата Трула, која била заземена, а потоа учествувала во ослободување на селото Цер.

Потоа, бригадата се упатила кон Пуста Река и Крушево. На 8 септември 1944 година заедно со Партизанскиот одред „Питу Гули“ партизаните влегле во Крушево без борбени акции, бидејќи бугарската окупациска војска веќе го напуштила градот.

Веле Митаноски