Светкиот илустратор Свјетлан Јунаковиќ денеска на „Литера“

Сподели

 

 

Светкиот илустратор Свјетлан Јунаковиќ вечерва во 18 часот ќе одржи онлајн-мастерклас наменет за илустратори, студенти, вљубеници во илустрацијата. Мастеркласот на еден од најголемите хрватски и европски илустратори е во рамките на 3.Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2021“. Големиот хрватски илустратор Свјетлан Јунаковиќ вечерва во 18 часот ќе одржи онлајн-мастерклас наменет за илустратори, студенти, вљубеници во илустрацијата. Оттаму споделуваат дека 50-ина илустратори и автори се пријавиле за да го проследат мастеркласот на Јунаковиќ. Тоа ги потврдува нашите напори да влијаеме позитивно на можноста за споделување искуства на светски познати уметници со нашата илустраторска фела.     

 

 

Работилницата ќе трае два часа и ќе се реализира на платформата „Зум“.

Свјетлан Јунаковиќ е роден на 23 јануари 1961 година во Загреб. Тој е сликар, скулптор и илустратор, најдобро познат по неговите детски сликовници. Освоил бројни меѓународни награда за неговите илустрации и учестувал на бројни изложби низ Европа. Дипломирал на Академијата „Брера“ во Милано, каде и специјализирал скулптура. Тој е професор на Академијата за применета уметност во Загреб и на Меѓународната школа во Сармеде во Италија.

 

 

Јунаковиќ беше финалист на меѓународното биенале на наградата Ханс Кристијан Андерсен во 2008 и во 2010 година. Многу меѓународни награди се дел од неговата биографија.

-За нас е голем предизвик да го доближиме светското искуство до нашите млади илустратори. Професорот Јунаковиќ срдечно прифати да сподели дел од своето богато искуство со нашите илустратори и ова е само почеток на соработката со големиот уметник. Прва прилика кога ќе се создадат услови, ние ќе организираме и негова изложба и работилници во живо – велат од „Литера“.

Можете да го пријавите вашето учество на следниот линк.