„Svi ćemo umrijeti“ стендап шоу на Миранда Лончар во “Јадро Скопје”

Сподели

 

Миранда Лончар родена е 1976 година во Мостар, БиХ. Таа се занимава со stand-up комедија од 2008 година, а коментарите се дека ѝ оди добро во последните неколку години. Сака глупав хумор, но сепак да има некоја порака. Ја сака секоја публика, а омилена ѝ е онаа која гласно се смее: луѓе кои ширум ја отвораат устата, неоптоварени со својот изглед во моментот на напад на смеа. Комедијата во живо е игра на заведување за двајца, така што на крајот на вечерта и публиката и изведувачот се разголуваат низ смеа. Таа блискост ја возбудува г-ѓа Лончар, барем малку, затоа што веќе со години е во брак.

Stand-up претставата „Svi ćemo umrijeti“ е интерактивна и ќе започне во 20 часот на 16 декември во КСП Центар Јадро во Скопје.

Темите се љубов, раѓање, политика и смрт. Тонот и расположението на шоуто зависат од публиката и од општата атмосфера на вечерта. „Svi ćemo umrijeti“ е прослава на животот – дотолку повеќе што сите нè очекува смртта. Претставата е прилагодлива и може да им се допадне на сите, но сепак најсилно ја чувствуваат луѓето кои многу страдале во текот на животот – поточно тие што сè уште страдаат, критички насочените поединци, образованите и емпатични луѓе. Значи, накратко, жени и геј мажи.  
Работилницата за stand-up комедија со Миранда Лончар која ќе се оддржи на 16 декември од 11.00 до 17.00 часот.  

Настапот и работилницата на Миранда Лончар се дел од Програмската размена, дел од проектот Регионална лабораторија: Нови културни простори и мрежи како двигатели на иновативен, одржлив и “bottom up“ развој за регионална соработка.